1.  Закажувањето на прегледите кај матичен лекар, пациентите да го вршат само                         преку телефон, освен во итни и неодложни состојби!

2.  Пациентот одговара на поставени прашања за одредување на степенот на ризик од               Covid-19.

3.    Во зависност од одговорите на прашањата, матичниот лекар ќе издаде електронски                 упат за тестирање за Covid-19 во најблискиот пункт

4.    Пациентот добива смс порака за времето и местото на тестирање, на мобилниот               број кој го остава за контакт.

5.    Пациентот задолжително со себе треба да носи документ за идентификација, кога                 ќе се јави за тестирање во пунктот.

6.   За точноста на одговорите на прашањата пациентот потпишува изјава во пунктот            каде што е испратен на тестирање.

7.   Пациентот треба да се придржува на закажаниот термин, предвиден за негово                  тестирање.

8.   Пациентот треба да се придржува на препораките за заштита, да носи маска                       преку носот и устата и до пунктот по можност да патува со сопствен превоз.

9.    Тестирањето трае кратко, а за резултaтите од истото информација ќе добие преку                  својот матичен лекар.

10.  Доколку се утврди дека нема потреба од тестирање, на пациентот ќе му бидат дадени              соодветни насоки и совети за лекување.

COVID-19 ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИ

7 НАЧИНИ КАКО ДА ГО СПРЕЧИТЕ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ
КАКО ДА ПОСТАПИТЕ АКО ИМАТЕ СИМПТОМИ НА COVID-19 

© 2020 by Sоrsix & MojTermin